Струга место дома ќе игра во Битола со шампионот, Охрид оди кај незгодниот Бутел Скопје

Денеска со четири натпревари ќе стартува 13 коло во Супер лигата, а најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу Бутел Скопје и Охрид.

Охриѓани посакуваат продолжување на победничката серија, но против Бутел Скопје особено на гости секогаш натпреварите биле резултатски неизвесни.

Поради тоа што прокисна кровот во салата „Нико Нестор“, шампионот Еурофарм Пелистер нема да гостува во Струга, туку натпреварот меѓу овие две екипи ќе се одигра во Битола.

Вицепрвакот Вардар оди на лесно гостување во Велес кај Бисинов ФЛ, додека Прилеп ќе го пречека Куманово и ќе се обиде со победа да ја продолжи трката за плеј-оф.

Двата меча меѓу Радовиш и „сино-белите“ од Автокоманда, како и меѓу Тиквеш и Пролет ќе се играат во текот на следната недела.

Супер лига, 13 коло:

30/11, 13:00, Струга – Еурофарм Пелистер
30/11, 18:00, Бисинов ФЛ – Вардар
30/11, 18:00, Бутел Скопје – Охрид
30/11, 18:30, Прилеп – Куманово
03/12, 18:00, Радовиш – Алкалоид
04/12, 19:00, Тиквеш – Пролет

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186