По кружниот напаѓач Никола Летиќ, како и левиот бек Богдан Мијушковиќ, третото интернационално засилување доаѓа од Србија.
Станува збор за чуварот на мрежата Страхиња Радисављевиќ, кој доаѓа од францускиот нисколигаш Вал Д’Уаз.
Радисављевиќ потекнува од составот на Нови Београд, бранеше во Црвена Ѕвезда, Динамо Панчево, Дубочица Лесковац и Металопластика Шабац.
Има запишано настапи и во регионалната СЕХА лига, пред да замине во израелскиот Реховот, а потоа и во Франција.