Струга ја засили голманската позиција со искусниот чувар на мрежата Бобан Ристевски, кој по кратката пауза му се враќа на ракометот.
Тој минатата сезона го бранеше голот на Охрид, а сега доаѓа во Струга и формираше дуо со Дамјан Тутенкоски.
Ристевски потекнува од битолската школа, а покрај за првиот, бранеше и за вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Има искуство и од настапите во СЕХА лига и во Лигата на Европа, па ќе биде значајно засилување за стружаните во битката за опстанок, покрај пивотот Дарио Симоноски.
Стружани во паузата останаа без голманот Александар Ѓурѓевиќ и кружнниот напаѓач Стефан Атанасовски.























