Денеска на програмата се последните два меча од групната фаза на 53. издание на Струшкиот турнир, по што ќе биде познат вториот финалист.
Охрид е прв финалист и ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Тиквеш и Бутел Скопје, кој ќе го пополни местото во битката за трофеј.
На Бутел им е потребна било каква победа, додека кавадарчани и со реми би можеле да бидат први во групата и да се пласираат во финалето.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Тиквеш ќе се игра на игралиштето „Горан Попоски Бабец“ од 20:55 часот, додека претходно ќе играат турската Бурса и Струга од 18:45 часот во битката за второ место во групата А.