СТРУГА 2025: Шеста македонска екипа ќе слави трофеј

Во досегашните 52 изданија на традиционалниот турнир во Струга, трофеи освојувале пет македонски екипи.

Рекордери се Вардар и Еурофарм Пелистер, кои имаат по 14 трофеи, додека уште три македонски екипи се радувале на трофеј покрај езерото.

На најдобрите два тима, како и на Металург, ВВ Тиквеш и ТК Бренд, ќе им се приклучи уште една екипа.

Тоа ќе биде Охрид или Бутел Скопје, кои за првпат ќе ја имаат шансата да се борат за пехарот во Струга.

Финалниот натпревар меѓу Охрид и Бутел Скопје се игра вечерва од 20:45 часот, додека битката за третото место меѓу турската Бурса и Тиквеш ќе стартува од 18:45 часот.