СТРУГА 2025: Раднички го освои петтото место, домаќинот е шести

Струга и Раднички Крагујевац го отворија финалниот ден од 53. Интернационален ракометен турнир „Струга 2025“. Во изедначен дуел кој понуди интересен ракомет, Раднички го совлада домаќинот на овој турнир со резултат 26-37(14-19).

Облачното време понуди одлични услови за игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга. Домаќините преку Мечкароски го отвори резултатот и го одржуваше минималното водство и иницијативата во текот на првата третина од натправарот. Овој период го одбележаа промашувања и голмански интервенции. Изедначената игра го донесе резултатот 7-7 во 10. минута.

Средината на првото полувреме гостите од Србија го искористија за преземање на водството, а во првиот бран офанзива серијата од 3-0 им донесе предност од „плус три“ 7-10, а разликата се зголеми до највисоки 13-19 со голот на Колаковиќ во 28. минута. До крајот на првиот дел Струга ја намали разликата за конечни 14-19 на полувреме.

Вториот дел го продолжи ритамот на двете екипи од финишот на првото полувреме. Младите ракометари на Струга се бореа но Раднички ги користеше сите грешки во нападот на домаќините и преку брзи транзиции го зголмуваше водството. Така до 45 минута Раднички дојде до предност од 30-22. Во 43. минута младиот Ферукоски со 14 години го постигна првиот гол на овој дуел, момент кој го поздрави публиката на трибините.

Кога веќе беа познати победниците на овој дуел во фер и коректна игра двете екипи го приведоа дуелот до крај. Раднички предводен од Колаковиќ (8 голови) го освои петтото место со резултат 26-36. Кај домаќините Ненад Костоски постигна седум погодоци.