Организаторите на Струшкиот турнир ги започнаа подготовките за 53. издание на традиционалниот турнир, еден од најстарите во Европа.
Оваа година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе играат шест екипи – четири македонски и две странски.
Покрај домаќинот Струга, честа на Македонија ќе ја бранат Тиквеш, Бутел Скопје и големиот ривал на стружани – Охрид.
Дополнително екипите на Бурса од Турција и Раднички Крагујевац од Србија ќе го збогатат новото издание на Струшкиот турнир.
Натпреварите ќе се играат од 13 до 16 август.