Охрид славеше со 30-24 над Бутел Скопје во интересното финале на 53. издание на Струшкиот турнир и за првпат го освои трофејот.
По финалето беа прогласени и најдобрите поединци на турнирот.
За најкорисен играч, односно МВП беше прогласен левиот бек на Охрид, Анте Иванковиќ, кој беше меѓу најдобрите поединци на финалето против Бутел Скопје.
Бојан Блажески, новото засилување за Охрид на голманската позиција беше избран за најдобар чувар на мрежата.
Најдобар стрелец на Струшкиот турнир беше членот на домаќинот, Филип Мечкароски со 21 постигнат погодок.