Освен што во Струга се делат трофеите за најдобрите екипи на турнирот во 2018 година, како дел од турнирот се играше и натпреварот од Супер Купот на Македонија. Вардар како првак и Металург како второпласоран и финалист на Купот играа меѓусебе, а „црвено-црните“ триумфираа со 33-24.
Тоа беше втор меч од Супер Купот на Македонија, каде Вардар го одбрани трофејот.. На клупата на Вардар беше Роберто Парондо, а тренер на Металург беше Оливер Димитриоски.
Составот на Вардар на тој меч: Стоилов, Недановски, Поповски, Криштопанс, Скубе, Чупиќ, Дибиров, Шишкарев, Борозан, Војводиќ, Кисељев, Милосављев, Мишевски, Петковски.
Од тогашниот состав на Вардар сега во екипата повторно ќе биде Вуко Борозан, додека Иван Чупиќ ќе биде тренер на вардарци. Во екипата на Металург настапи и Марио Танкоски, кој сега ќе игра за „црвено-црните“.
Вардар има седум трофеи во Супер Купот на Македонија, а вкупно 14 триумфи на турнирот во Струга. Заедно со Еурофарм Пелистер се со најмногу освоени трофеи.
❗❗ Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…