Денеска на програмата се последните три натпревари од 53. издание на Струшкиот турнир, кој досега донесе квалитетни изданија на четирите македонски и двете странски екипи.
Програмата ќе финишира со големото финале од 20:45 часот, кое ќе биде македонско меѓу засилениот Охрид и подмладениот Бутел Скопје. Ниту едниот, ниту другиот тим досега не освојувале трофеи на традиционалниот турнир.
Во групната фаза, охриѓани кои ги пробаа сите расположиви сили, успеаја да ги победат Струга и Бурса без особени проблеми, додека Бутел Скопје благодарение на ремито со Раднички Крагуевац и триумфот со пресврт над Тиквеш стигнаа до битката за трофеј.
Јасно е дека Охрид е фаворит на оваа средба, особено што имаше и ден одмор пред финалето, додека Бутел Скопје ќе се обиде да направи проблеми на поискусниот состав.
Претходно во малото финале и битката за трето место ќе се соочат екипите на Бурса од Турција и Тиквеш од Кавадарци од 18:45 часот, додека во натпреварот за петтото место ќе играат домаќинот Струга и Раднички Крагуева од 10:00 часот.