Најдоброто од Македонија и оваа сезона ќе биде дел од традиционалниот Струшки турнир, кој по 52 пат ќе се игра покрај езерото.
На отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“ од 14 до 17 август, ќе се појават четири македонски екипи, а меѓу нив ќе биде и Вардар, кој доаѓа да го брани трофејот освоен лани.
Покрај Вардар и домаќинот Струга, тука ќе биде и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и Тиквеш.
Од странските екипи своето учество го потврдија шведскиот Ескилстуна Гуиф и грчкиот АЕК Атина, кои повеќепати беа дел од Струшкиот турнир, а тимот од Атина го освои трофејот во 2019 година.