Организаторот на традиционалниот Струшки турнир ги објави групите за претстојното 52. издание, што ќе се одржи од 14 до 17 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.
Во групата А ќе се најдат две македонски екипи – Вардар и Тиквеш, а друштво ќе им прави шведската екипа Ескилстуна Гуиф.
Во групата Б се актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер, потоа домаќинот Струга и грчкиот ПАОК Солун.
Распоредот на натпреварите и саатниците ќе бидат дополнително познати. Бранител на титулата е Вардар.