Тиквеш не успеа да направи изненадување против Вардар, па тимот од Кавадарци со пораз 27-34 тргна на турнирот во Струга. Со тоа шансите на Тиквеш за евентуално финале се сведени на минимум. Им останува уште дуелот со ГУИФ.
Марјан Велков, голманот на Тиквеш смета дека имаат нови играчи и тренер, но сепак покажале дел од она што го подготвувале.
„Се уште сме во фаза на подготовки. Пробуваме нешто, имаме многу нови играчи и нов тренер. Како за прв меч можеби нешто и покажавме од она то го сакаме и го подготвувавме. Имавме и добри и лоши моменти. Очекуваме да играме подобро на следните мечеви, смета Марјан Велков.