Откако пред две години го прослави „златниот јубилеј“, познатиот ракометен турнир во Струга ја продолжува традицијата на најстарата спортска манифестација во Македонија. Годинава од 14 до 17 август по 52. пат отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ во Струга повторно ќе биде местото каде ќе се темпира формата за новата сезона, но и ќе се борат екипите за престижниот трофеј.
Ова лето на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе продолжи традицијата започната во 1973 година кога се одржал првиот Струшки турнир.
На 52. издание на Струшкиот турнир ќе играат шест екипи – четири домашни (Струга, Вардар, Еурофарм Пелистер и Тиквеш) и две странски (ПАОК Солун и Гуиф). Од шесте учесници, Вардар и Еурофарм Пелистер досега го имаат подгинато трофејот.
Од македонските екипи покрај водечките Вардар и Еурофарм Пелистер, турнирот во Струга го освојувале уште и Металург, ТК Бренд и ВВ Тиквеш.
14 различни екипи од осум земји досега победувале во Струга.
ДОСЕГАШНИ ОСВОЈУВАЧИ НА СТРУШКИОТ ТУРНИР:
14 – ВАРДАР
13 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
4 – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА), БОРАЦ БАЊА ЛУКА (БИХ)
3 – МЕТАЛУРГ, ТК БРЕНД
2 – ЖЕЛЕЗНИЧАР (СРБИЈА), ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
1 – СЕСОН РЕН (ФРАНЦИЈА), АСКИ АНКАРА (ТУРЦИЈА), ПРИШТИНА (КОСОВО), ВВ ТИКВЕШ, ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА), АЕК АТИНА (ГРЦИЈА)
Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…