Новото издание на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“ ќе се одржи во нов термин, објави организаторот. Новиот термин ќе биде неколку дена пред претходно закажаниот.
„Во духот на фер-плејот, и за задржување на традицијата со нашиот турнир да се отвори новата ракометна сезона известуваме за НОВ ТЕРМИН на одржување на Меѓународниот ракометен турнир „СТРУГА 2024“. Новиот термин во кој ќе се одржи турнирот по 52. пат е од од 14 до 17 август 2024 година на Отвореното игралиште во Струга“, се вели во објавата на организаторот.
Турнирот ќе биде со вкупно 6 екипи, а три домашни екипи веќе прифатија да учествуваат, и нивните имиња ќе бидат наскоро објавени.
Сигурно е дека ќе игра домаќинот Струга, кој годинава настапи во плеј-офот и беше меѓу најдобрите осум екипи.
Победник на турнирот е Вардар.