Екипата на ПАОК ќе биде учесник на 52. издание на ракометниот турнир „Струга 2024′, потврдија организаторите на најстариот ракометен турнир во Македонија. Тимот од Солун доаѓа на местото на АЕК од Атина, кои го откажаа играњето бидејќи се уште го немаат комплетирано тимот за следната сезона.
АЕК целосно го смени играчкиот кадар и го нема потребниот број ракометари. Затоа го откажаа играњето во Струга. На нивно место доаѓа ПАОК од Солун. Тие се актуелни освојувачи на Куп трофејот во Грција.
Последните три сезони ПАОК постојано го освојуваше третото место во првенството на Грција, а во екипата настапува и Виктор Гигов кој брани за тимот од Солун.
Турнирот во Струга е закажан за 14 до 17 август, и ќе настапат 6 екипи: Вардар, Еурофарм Пелистер, ГУИФ Ескилстуна (Шведска), Тиквеш, Струга и ПАОК (Грција).
Актуелен освојувач на трофејот од Струга е екипата на Вардар.