Ракометарите на Охрид по триумфот во Кавадарци кај Тиквеш ги очекува дерби во Супер машката лига и нов спектакл во СРЦ „Билјанини Извори“.
Во Охрид доаѓа шампионот Еурофарм Пелистер, кој имаше победничка увертира за ова тешко гостување и славеше против Вардар.
Средниот бек на „гладијаторите“, Тилен Стрмљан, ветува дека тој и соиграчите ќе го остават срцето на терен и ги повика навивачите.
„Во недела не чека тежок натпревар против Еурофарм Пелистер. На нас е добро да се подготвиме и на натпреварот да оставиме срце на терен. Натпреварот сигурно ќе биде многу интересен, затоа ги повикувам сите наши навивачи да ни се придружат на последниот домашен меч оваа година и да ни помогнат да стигнеме до што подобар резултат“, изјави Стрмљан.
Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер ќе се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот.

























