По елиминациите на азербејџанскиот Баку и босанската Слога Добој, со повеќе од убедлива разлика, ракометарите на Охрид ги очекува потежок предизвик во ЕХФ Европскиот Куп.
На гости доаѓа чешката екипа Дукла Прага, која од клупата е предводена од легендарниот Даниел Кубеш, кој истовремено е и селектор на машката репрезентација на Чешка.
Средниот бек Тилен Стрмљан вели дека екипата е добро подготвена за предизвикот.
„Добро сме подготвени. Не чека тежок натпревар, ќе дадеме 100% од себе, нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе на теренот. Мораме брзо да се враќаме во одбрана, да бидеме цврсти во одбраната и било убаво да дојдеме до добра разлика овде, па реваншот да ни биде полесен. Ги повикувам навивачите да дојдат да не бодрат во што поголем број“, изјави Стрмљан.
Натпреварот меѓу Охрид и Дукла Прага се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот, а продажбата на влезници се одвива ТУКА.

























