Ракометарите на Драчево Јуниор прославија убедлива победа над Кичево со 52-21 во натпреварот од 9 коло во Првата лига.
Избраниците на Велимир Настески уште по првото полувреме ја обезбедија победата, 25-10, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.
Предводници на домашниот тим кон убедливата победа беа Александар Стојменов со 15 и Стефан Крстески со десет погодоци.
Во гостинскиот состав Филип Тошев беше најефикасен со 11 погодоци, но тоа беше премалку за нешто повеќе од висок пораз на гостувањето во Скопје.
























