Младинската репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за настапот на Мундијалот во Полска.
Избраниците на Раде Стојановиќ се наоѓаат во Маврово, а капитенот на Македонија, Андреј Стојановски, ги сподели очекувањата од настапот на СП.
„Можеби е тешка групата ако ги гледаме нивните сениорски репрезентативци, но ние не ги гледаме така и за секој ривал ќе се подготвуваме максимално и еднакво за сите. Мора да одиме чекор по чекор, сега почнавме да ги анализираме сите противници, од нивните одбрани и напади, како и транзации. Тренираме напорно во Маврово, одработуваме пет дена подготовки на максимално ниво и очекувам да го дадеме максимумот на нашето последно големо натпреварување заедно. Верувам во себе и во моите соиграчи и се надевам дека на ова СП ќе го имаме најдобриот пласман досега од сите досегашни настапи во младинските категории“, изјави Стојановски.
Македонија е во група со Фарски Острови, Романија и Исланд, а настапот го започнува на 18 јуни против Фараните. Сите натпревари, нашите младинци ќе ги играат во „Сподек Арена“ во Катовице.