Радовиш ја забележа шестата сезонска победа во седмиот натпревар во Првата лига, откако славеше на гостински терен кај Овче Поле во Свети Николе со 30-24.
Избраниците на Љупче Мијалов со овој триумф практично го потврдија местото во плеј-офот, а лидер до трите бода на незгодното гостување беше левото крило Зоран Стојановски.
Искусниот велешанец постигна десет гола, а имаше поддршка и од Здравко Постолов и Иванче Ончев, кои искомбинираа 13 погодоци.
Домашниот тим водеше само на стартот со 1-0, потоа во најголем дел од мечот радовишани имаа контрола. На паузата гостите водеа со 13-10, а домаќините на стартот на вториот дел останаа без Динев.
Тој доби директен црвен картон поради еден остар старт, па по 14-11, радовишани дадоа четири гола по ред за 18-11 и до крајот немаше дилеми околу победникот.
Во тимот од Свети Николе се истакнаа Борјан Цековски и Кристијан Стаменков со по седум погодоци.