Тимот на Тримо Требње предводен од македонскиот стратег Раде Стојановиќ славеше значајна победа против францускиот Лимож со 32-28 во првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа.
Во повеќе наврати тимот на селекторот на македонските младинци водеше и со шест гола, но Лимож на Алберто Ентрериос, за кој играат Фарук Јусуф, Матеј Хрстис, Томислав Кушан, Игор Турченко, Сеиф Елдера… во финишот успеа да ја намали негативата на минус два.
Бодрени од навивачите во полната сала во Требње, домаќините успеаја во финишот да го надиграат францускиот ривал и на крајот со добра залиха да патуваат на реваншот следниот викенд.
Најдобри стрелци во победата на Тримо беа Вишчек со седум гола, како и Крешиќ и Грбиќ со по четири погодоци, додека Турченко даде пет за Лимож. Реваншот е следната сабота од 19:00 часот во Лимож.