Стојановиќ со победничко деби, Иваноски најдобар стрелец!

Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е Раде Стојановиќ, а игра десниот бек Михаил Иваноски, имаше победнички старт на пролетниот дел од сезоната.

Aјдовшчина на домашен терен славеше против составот на Мистерал Кршко со 33-29, откако и на паузата имаше плус три, 16-13.

Најдобар стрелец во составот на Стојановиќ беше Иваноски со девет погодоци, од кои дури седум во второто полувреме.

Ајдовшчина е втора на табелата со 21 бод, зад лидерот Копер со 23, а во следното коло ќе гостува кај Себастјана Совича.