Ракометарите на амбициозниот состав на Тиквеш на 10 јануари ќе стартуваат нова етапа во клупската историја.
Новиот тренер Раде Стојановиќ ќе прозива и ќе го означи стартот на големите предизвици што ги чекаат кавадарчани претстојната полусезона.
Десетина дена ќе се тренира во Кавадарци, а потоа на 21 јануари екипата патува за Црна Гора, каде ќе бидат одиграни три тест средби.
Две од нив ќе бидат против црногорскиот шампион Ловќен Цетиње, а ќе биде одигран и еден пријателски натпревар против Будуќност Подгорица.
Пред стартот на разигрувањето за титулата, кавадарчани ќе тестираат два пати и со составот на Прилеп.
Кавадарчани ќе стартуваат со два бода во плеј-офот.