Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата, дознава 24Ракомет.
Тој би требало да го преземе словенечкиот тим Тримо Требње, кој е во конкуренција за шампионската титула со Горење Велење. На коло до крајот, Тримо има 44 бода на второто место, додека прв е Горење со 45 бода.
Maкедонскиот стратег ќе го пополни местото што ќе остави празно Урош Зорман, кој се сели во амбициозниот Слован Љубљана.
Стојановиќ во пролетната полусезона е дел од кавадаречки Тиквеш, со кој обезбеди место на завршницата на Купот на Македонија.
Во тренерската кариера со успех ги водеше Металург и Охрид, беше дел и од Катар Спорт, а голем успех направи и со младинската репрезентација на Македонија. Во играчката кариера меѓудругите, настапуваше и за словенечките Тримо, Горење, Голд Клуб..