Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, направи една промена во составот за пријателските натпревари со Словенија.
На местото на десниот бек на Голден Арт, кој не можеше да отпатува со селекцијата, е повикан десното крило Јован Даневски од Тиквеш.
Покрај Даневски, на десната страна Стојановиќ смета и на Белистојаноски, Атанасов и Узунчев. Даневски има претходно искуство од настапите за националниот тим, па нема да му треба време за адаптација на колегите.
Првиот натпревар против младинската селекција на Словенија е утре од 16:00 часот, а вториот на 11 мај од 10:30 часот.
Македонија ја очекува настапот на Европското првенство во Целје од 10 до 21 јули во градот Целје, а нашите ракометари се во група со Црна Гора, Австрија и Хрватска