Машката младинска репрезентација го освои 9 место на Европското првенство, откако ја совлада Франција со 30-29.
Селекторот Раде Стојановиќ е задоволен од одиграното, иако посочи дека системот на натпреварување не им дава еднакви шанси на сите да се пласираат во главната рунда.
„Мораме сите да бидеме задоволни и среќни, затоа што оваа генерација покажува одлични игри во континуитет. За овие десет дена одигравме осум натпревари на квалитетно и високо ниво. Уште пред ЕП напоменав дека овој систем не е праведен, за некој е ‘мајка’, за некој е ‘маќеа’, некои репрезентации беа во групи каде што имаше голема разлика меѓу некои од ривалите и билдаа гол-разлика, а само првиот оди во главна рунда. Видовме дека Австрија не е селекција за потценување, завршија во ТОП 6, но не би ги коментирал и надворешните фактори што влијаеа на тој меч“, вели Стојановиќ.
Македонија на овој континентален собир победуваше репрезентации од типот на Франција, Унгарија, Полска…ремизираше со Хрватска и Австрија која заврши како шеста.
„Радува фактот и треба цела Македонија да се радува за оваа репрезентација, бидејќи не само што покажавме квалитет, туку и победува врвни селекции, кои имаат многу подобри услови од нас, односно повеќе играчи во младинските категории и обрнуваат многу внимание кон нив. Ние го трасираме добро нашиот пат, покажуваме континуитет, треба само да продолжиме во исто темпо и сметам дека резултатите допрва ќе доаѓаат.
Селекторот се осврна на проблемот со малата минутажа на дел од репрезентативците, за кои беше видливо дека заостануваат во споредба со ланскиот настап.
„Ние сите потајно се надевавме на ТОП 8 и на ЕП, но сега пред Мундијалот во 2025 товарот останува на клубовите. Но мора да напоменам, без пардон, дека имаме репрезентативци што имаат мала минутажа во клубовите. Вардар треба да размисли што понатаму со Марио Стојановски, дали треба да биде трета опција на левата крилна позиција, треба да видиме Шулески и Даневски каква минутажа ќе имаат во Тиквеш…да не ги редам сега и другите. Сега имаат ракометарите по 20 и 21 година, па прашањето е дали нашите клубови ќе инвестираат во нашите деца и во нашата иднина, или пак ќе чекаме на некои недоречени странци, па после да каскаме и во А репрезентацијата да го немаме тој квалитет што ни е потребен“, заврши Стојановиќ.
Тој од утре ќе се посвети на клупските обврски со словенечкиот Тримо Требње, а следен голем предизвик за Македонија ќе биде младинскиот Мундијал во Полска.
Македонија е деветта ЕВРОПСКА СИЛА – падна моќната Франција!
🎥 Галевски ја стави „јаготката на шлагот“ – еве како сервираше слатка одмазда за Франција!
🎥 Така тоа го прават големите: Стојановиќ и Ангеловски ја „нацртаа“ победничката акција!
🎥 „Ладен како шприцер“ – еве го победничкиот гол на Субашевски за македонско славје
Галевски: Треба да се верува во нас, го оставаме срцето на терен секој натпревар
Субашевски: Срцето ми чукаше 200 на саат пред последниот шут…