Стојановиќ има нов предизвик – пак ќе води словенечки клуб!

Македонскиот стратег Раде Стојановиќ по кратката пауза му се враќа на ракометот и одново ќе води словенечки клуб.

Тој го презема амбициозниот прволигаш Ајдовшчина, со кој потпиша договор до летото 2027 година и клубот со Македонецот посакува влез меѓу елитата.

Во тренерската кариера Стојановиќ со успех ги водеше Металург и Охрид, беше дел и од Катар Спорт, а голем успех направи и со младинската репрезентација на Македонија.

Беше предводник на Тиквеш и со клубот од Кавадарци успеа да обезбеди пласман на Ф4 турнирот од Купот на Македонија, а со Тримо Требње стигна до третото место минатата сезона во Словенија.