Тимот на Тримо Требње, кој е предводен од македонскиот стратег Раде Стојановиќ, ја забележа третата победа во словенечкиот шампионат.
Тримо на домашен терен беше подобар од Кршко со 27-22, откако на полувремето беше нерешено, 12-12.
Сепак во вториот дел, момците на Стојановиќ одиграа одлично и го скршија отпорот на гостинскиот тим.
Веќе в сабота Тримо Требње и македонскиот стратег му гостуваат на незгодниот Јерусалем Ормож во рамките на шестото коло.