Стојановиќ и Тримо победнички против Копер

Тимот на Тримо Требње, каде што тренер е селекторот на младинците на Македонија, Раде Стојановиќ, се врати на победничките патеки во Словенија.

По поразот од Целје минатото коло, Тримо Требње на домашен терен прослави убедлива победа над Копер со 35-20.

Избраниците на Стојановиќ победата ја најавија уште по првиот дел, кога водеа со осум гола разлика, 18-10.

Тримо Требње досега освои 14 бода и се наоѓа на четвртото место на табелата зад Слован Љубљана со 19, Целје со 18 и Горење со 15 бода.

Следен предизвик за Стојановиќ и Тримо ќе биде домашниот натпревар со Иванчна Горица на 22 ноември.