Екипата на Тримо Требње, која е предводена од македонскиот стратег Раде Стојановиќ, запиша нова победа во словенечкиот шампионат.
Тримо Требње во натпревар од 15. коло славеше над актуелниот првак Горење Велење со три гола разлика, 27:24 (12:9).
И на првото сезонско соочување, кое што беше на стартот од новата натпреварувачка сезона, Тримо Требње го доби Горење Велење со 28:23.
За тимот на Стојановиќ ова беше 10-та сезонска победа, односно петта последователна, па така Тримо Требње со новите два бода останува во трката за првото место.
Во претходното коло избраниците на Стојановиќ одиграа фуриозно против амбициозниот проект од Љубљана, Слован, триумфираа со 34:24.
Сега Тримо Требње на табелата има 22 бода, на 2. позиција е позициониран Слован со 25, додека лидерското место го држи Целје со 26.