Тимот на Тримо Требње, каде што тренер е селекторот на младинците на Македонија, Раде Стојановиќ, загуби во вториот меч од полуфиналето на плеј-офот во Словенија од Слован Љубљана.
Фаворизираниот Слован предводен од Урош Зорман си замина со триумф 25-21 и со 2-0 во победи оди во финалната серија за титулата, каде ќе го чека Горење или Целје.
Тримо Требње беше конкурентен во натпреварот, имаше свои моменти, но промаши два зицери при резултат 22-20 за Слован и потоа немаше шанси за камбек.
Ова не е крај за Стојановиќ во Требње, бидејќи го очекува битката за третата позиција со поразениот состав од Целје и Горење.