Стојановиќ и Иваноски редат победи во Словенија – три од три

Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е Раде Стојановиќ, а каде што игра Михаил Иваноски, запиша трета победа на третиот натпревар во пролетниот дел од сезоната.

Ајдовшчина славеше на гостувањето кај Чрномељ со 31-30, откако и на полувремето водеше со 17-15.

Десниот бек Иваноски беше меѓу најдобрите поединци на теренот и успеа да постигне пет погодоци.

Сега Ајдовшчина има 25 бода на второто место на табелата, само два бода заостанува за лидерот Копер, а во следното коло ќе игра против Добова.