Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е Раде Стојановиќ, а игра Михаил Иваноски, имаше победнички старт на плеј-офот во Првата лига на Словенија.
Во првиот четвртфинален дуел од серијата што се игра на гол-разлика, Ајдовшчина, која го заврши регуларниот дел на првото место, славеше на гостински терен кај тимот на Сович со 31-26.
Иако на полувремето момците на Стојановиќ имаа само минимална предност, 14-13, сепак во вториот дел ја оправдаа фаворитската улога.
Иваноски на овој натпревар постигна три гола во противничката мрежа, а реваншот меѓу Ајдовшчина и Сович се игра наредниот викенд.









