Стојановиќ без пораз на осум меча – следува битка за елита во Словенија!

Тимот на Ајдовшчина каде што тренер е Раде Стојановиќ, го заврши регуларниот дел од прволигашката конкуренција во Словенија.

Ајдовшчина, каде игра и македонскиот десен бек Михаил Иваноски, славеше на домашен терен против Дол Храстник со 39-24.

Иваноски беше меѓу најдобрите поединци во тимот предводен од Стојановиќ и постигна четири гола во противничката мрежа.

Откако го презема клубот, Стојановиќ на осум меча нема ниту еден пораз, а сега следува разигрувањето за пласман во најсилната конкуренција.

Ајдовшчина е прва на табелата со 34 бодови, додека втор е Копер со 30, кој има и меч помалку, но не може да напредува.

Ривал во четвртфиналето на плеј-офот за елитата на тимот на Стојановиќ и Иваноски ќе им биде осмопласираната екипа на Себастјана Шовича.