Стојановиќ без грешка, Тримо победнички со Словењ Градец

Тимот на Тримо Требње, каде што игра кадетскиот репрезентативец на Македонија, Милош Стојановиќ, славеше победа во младинскиот шампионат на Словенија.

Тримо на домашен терен беше подобар од составот на Словењ Градец со 42-31, откако и на полувремето водеше со 21-17.

Стојановиќ беше меѓу најдобрите поединци во победничкиот состав на Тримо и успеа да постигне четири гола од четири обиди во противничката мрежа.

Тримо сега е на четвртото место на табелата со 18 бода, зад Горење кој има 20, Добова со 21 и лидерот Крка со 24 бодови.

Следен предизвик за Стојановиќ и Тримо ќе биде гостувањето кај Копер.