Стојанче Стоилов од лето ќе го преземе кормилото на Бутел Скопје и ќе дојде на местото на Горан Кузманоски.
Стоилов по промоцијата ги истакна своите очекувања од новиот ангажман и ги потенцира амбициите на клубот.
„Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Кузманоски покажа дека е добар тренер, иако е потценет и му посакувам успех во странство во следниот предизвик и се надевам дека ќе успее да ги покаже квалитети и таму. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да се посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци. Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополнил ростерот со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона, пласман во плеј-офот, само со македонски ракометари“, изјави новиот стратег на клубот.
Стојанче Стоилов со нов предизвик – ќе го води Бутел од лето

























