Прволигашот Аеродром ги започна подготовките пред стартот на новата натпреварувачка сезона.
Под водство на тренерот Митко Стоилов и неговиот асистент Мартин Бурчевски, се собраа ракометарите што ќе ги бранат боите на Аеродром во наредната сезона.
Аеродром има промени во управувачката структура, па некогашниот репрезентативец на Македонија, Лазо Мајнов, ќе биде претседател на клубот.
На првиот собир на Аеродром беа присутни дел од ракометари што лани ги бранеа боите на овој клуб, но и многу нови.
Играчкиот кадар допрва треба да биде дефиниран и потврден. Во првото коло од прволигашката конкуренција, Аеродром ќе гостува кај Текстилец на 13/14 септември.