Стеинс не мрда од ПСЖ – останува до 2029!

Иако имаше шпекулации дека репрезентативецот на Холандија, Лук Стеинс, би можел да го напушти ПСЖ пред истекот на договорот, сепак, тоа нема да се случи.

Средниот бек и раководството на ПСЖ се договорија на нова соработка, па така искусниот ракометар во дресот на „светците“ ќе остане најмалку до летото, 2029 година.

Холанѓанецот со ПСЖ имаше договор до 2026, а двете страни одлучија дека продолжувањето на соработката е најдобра опција, па новиот договор ќе го задржи во Париз уште три дополнителни сезони.

Стеинс во ПСЖ пристигна во текот на 2020 година како „медицински џокер“ за Никола Карабатиќ и веднаш ги задоволи критериумите на раководството на клубот.

Во 2021, 2022 и 2023 беше прогласен за најдобар играч во францускиот шампионат, а во Франција беше дел и од Тулуз.