Холандија вечерва ќе игра против домаќинот Шведска во воведниот натпревар на двете селекции на Европското првенство. Мечот се игра во 19:30 часот.
Во пресрет на дуелот, најголемата ѕвезда на холандската репрезентација Лук Стеинс изрази сериозна загриженост за состојбата на ракометот во Холандија, оценувајќи дека спортот „оди во погрешна насока“.
Тој предупреди дека комбинацијата од масовно откажување на млади играчи и финансиски проблеми на клубовите создава ризик холандската репрезентација да заостане зад водечките ракометни нации и побара итна реакција од националната федерација:
„Мора да седнеме и да направиме јасен план. Инаку ќе имаме генерација која направила одлични работи, а потоа ќе мораме да почнеме од нула“, изјави тој.
Холандија настапува во група со Шведска, Хрватска и Грузија.


























