Ракометот во Македонија го има приматот на „спорт број 1„ и на Ф4 турнирот во Охрид е собран ракометниот крем. Најдобрите екипи во моментов во Македонија.
„На овој Ф4 е собран макеоднскиот ракометен крем кои ја сочинуваа првата четворка и вложуваат многу и дома и на меѓународна сцена и ќе не преставуваат.
Посакувам да имаме убав Ф4, му се заблагодарувам на домаќинот за тоа што ни овозможи да бидеме тука. Ги повикуваме сите Македонци да дојдат, секогаш Ф4 бил посебен имал посебен натпреварувачки дух, вели Алекснадар Стефанов, претседателот на РФМ.
Домаќчинот Охрид вторпат за четири години е домаќин на Куп финале. За разлика од претходно сега и нивниот тим е меѓу најдобрите.
Се надевам дека како рганизатор и домаќини ќе бидеме добри и ќе се обидеме и понатаму да ја зграбиме шансата да бидеме домаќини. Ова е најдобрата четворка последниве години, и посакувам спортска игра и среќа и подобриот нека победи., вели Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид.
Полуфиналните двојки се Вардар – Алкалоид (17 ч.) и Охрид – Еурофарм Пелистер 19,30 ч).