Македонија го заврши настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка на 14 место.
Пораз од Данска, реми со Португалија и победа над Романија беа доволни за подобар пласман од претходното ЕП 2024.
Првиот човек на македонскиот ракомет, Александар Стефанов, го коментираше настапот на континенталниот собир.
„Мора и треба да бидеме задоволни со тоа што го прикажавме во Данска на ова ЕП. Дојдовме како аутсајдери според сите официјални статистики. Докажавме дека можеме и во тоа како силна група покрај светскиот и олимпискиот шампион Данска, како и Португалија која заврши четврта на последното СП, да извојуваме едно реми и една победа и како една од подобрите третопласирани селекции во сите групи да го завршиме ова првенство и како носители да чекаме поволна ждрепка за СП. Ова е една успешна претстава, одигравме машки, храбро, борбено. Со Романија цел меч имавме резултат, го контролиравме. Дојдовме до важна победа и треба да сме задоволни и како федерација и како национален тим и како држава“, изјави Стефанов.

























