Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, ја изрази својата поддршка за ракометарите и стручниот штаб, по завршувањето на натпреварот меѓу Македонија и Португалија на ЕП.
Тој смета дека ремито е еднакво на победа и им честита за храбрата, машка и борбена игра.
„Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала вечерва, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од „минус пет“ и дека можеме да играме со селекции кои се во ТОП 5 во светот. Ви честитам и само напред без притисок кон победа против Романија!“, изјави Стефанов.
Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Романија утре од 18:00 часот во Хернинг.

























