Стефанов: Браво момци, дишеме како еден – да се радуваме на успеси секоја година!

Машката репрезентација на Македонија ја продолжи традицијата и се пласираше на големо натпреварување 18. пат во историјата, а осми пат по ред на континенталните собири.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, им се обрати на ракометарите по мечот.

„Честитки за пласманот на ЕП. Со среќа нека е, одигравме машки, борбено, храбро и со срце, ја израдувавте цела нација. Одигравме според очекуваното, сега ни следи Европското првенство. Само да продолжиме вака, имаме добар дух и енергија, дишеме како еден и посакувам сите да се радуваме заедно на успеси секоја година“, изјави Стефанов во соблекувалната.

Македонија ќе биде дел од ждрепката на 15 мај во Хернинг.