Екипата на Кичево во рамки од 7. коло од прволигашката конкуренција на свој терен триумфираше против Овче Поле со 22:19.
Двете екипи одиграа променливо во текот на целиот натпревар, но домашниот тим кога најмногу требаше беше фокусиран и успеа да ги освои зацртаните бодови.
Иако тимот на Кичево имаше фуриозен старт и предност од 6:0 во воведните десет минути, сепак, гостите од Свети Николе се консолидираа во последниот период од првиот дел и целосно се вратија во игра.
Домашниот тим по одличното отворање, односно по максималната предност од шест гола, до крајот на полувремето водеше минимално. Овче Поле ја преполови негативата и на полувреме замина со минус еден, 11:10.
Вториот дел започна со серија на гостите, кои најпрво израмнија на 11:11, потоа со погодоците на Гичев и Коцевски дојдоа до 14:11. Кичево првиотгол во второто полувреме го постигна во 37 минута преку Нацев, кој намали на 14:12.
По водството на Овче Поле од 16:15, домашниот тим со расположениот Стефаноски се врати во игра. Домаќините израмнија на 16:16, потоа со два гола во низа поведоа со 18:16. Во финишот беше 19:19, но домашниот табор повторно направи мини серија, се одлепи на 21:19 и не дозволи гостинскиот тим да се надева барем за бод.
Најрасположен во победничката екипа беше Стефан Стефаноски со десет погодоци, додека во поразениот табор Бојаб Гилев беше најдобар поединец со шест реализации.