Стефаноски и Нацев искомбинираа 22 гола, Кичево го освои Ресен

Тимот на Кичево на гостувањето во Ресен кај Преспа Вардар дојде до победа од 29:24 во натпревар од 11. коло од плеј-аут фазата во Првата лига.

Гостите од Кичево победата ја најавија уште во првиот дел, на пауза заминаа со предност од 16:7 и рутински ги одработија вторите 30 минути.

Најефикасен на натпреварот беше членот на Кичево, Стефан Стефаноски, кој зад своето име запиша 14 погодоци, а своја поддршка имаше од Никола Нацев со осум погодоци.

Во поразениот табор се истакна Бојан Поповски со седум реализации, четири додаде Александар Димитриевски.