Македонската репрезентативка Сара Стефаноска продолжува да игра во одлична форма во српскиот шампионат.
Нејзиниот тим Јагодина славеше на домашен терен против составот на Бекамент со 31-24, а Стефаноска беше втор стрелец.
Таа успеа да постигне седум погодоци во гостинската мрежа, но подели и четири асистенции кон своите колешки.
Формата на Стефаноска треба да го радува селекторот Кристијан Грчевски пред настапот на „Трофеј Карпати“ во Романија.
Јагодина и Стефаноска сега имаат девет бода на второто место на табелата, а следен предизвик по ЕХФ неделата ќе им биде гостувањето кај лидерот Железничар.