Македонската репрезентативка Сара Стефаноска одигра уште еден одличен натпревар во српскиот шампионат.
Таа беше ракометарка со најголем индекс на корисност во тимот на Јагодина, на дуелот против Младост Нови Пазар.
Јагодина славеше со убедливи девет голови разлика, 28-19, а македонската репрезентативка имаше големи заслуги за тоа.
Стефаноска беше стрелец на пет погодоци од седум обиди, но успеа да подели и четири асистенции, а имаше и една освоена топка.
Јагодина сега е втора на табелата со 17 бода зад Црвена Ѕвезда која има 22 бода, а во следното коло ќе му гостува на Бор.