Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство во Скопје обезбеди пласман во главната фаза и ќе има можност да се бори за четвртфинале на младинскиот Мундијал.
Македонија во последното коло од групната фаза за ривал ја имаше Ангола и со одличната игра во вториот дел успеа да дојде до победа од 28:24, со што си обезбеди и место во ТОП 16.
Една од најзаслужните за победата над африканската земја беше интернационалката Сара Стефаноска, која по натпреварот беше прогласена за најкорисен играч, односно за МВП.
Македонија настапот во главната фаза ќе го стартува со дуел против Португалија на 24 јуни, додека на 25 јуни игра со репрезентацијата на Црна Гора.