Стефаноска без грешка против поранешниот српски шампион

Екипата на Јагодина, во која настапуваат Сара Стефаноска и Јана Равојска, во натпревар од 15. коло од српскиот шампионат славеше над поранешниот првак Бекамент со 33:18.

Стефаноска во дадената минутажа одигра без грешка против поранешниот шампион на Србија, имаше два погодоци и една асистенција.

За Јагодина ова беше 9-ти триумф во тековната сезона и со новите два бода ги зголеми шансите да заврши на второто место пред разигрувањето за титулата.

Четирите најдобри екипи од регуларниот дел од сезоната ќе си обезбедат пласман во плеј-оф фазата во српскиот шампионат.